-7.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Голема штета: Лина водеше со 1:0 во сетови, но на крајот е елиминирана

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во второто коло од квалификациите за пласман на Отвореното првенство на Австралија. По голема борба во меч кој траеше 2 часа и 15 минути, Ѓорческа на крајот загуби од Словенката Тамара Зиданшек со 2:1 во сетови.

Одлично започна мечот за Лина. Направи брејк во третиот гем, но потоа киксира на свој сервис, па противничката израмни на 3:3, но веднаш во следниот гем следуваше рибрејк за 4:3, па првиот сет Ѓорческа го доби со 6:4.

Во вториот сет Зиданшек, која е 158-ма на ВТА-листата, беше подобра и без многу проблеми го доби со 6:2 за израмнување на 1:1 во сетови.

Решавачкиот трет сет Ѓорческа го отвори со брејк, па поведе и со 2:0. Водеше Лина и со 3:1, но потоа загуби на свој сервис и противничката израмни на 3:3. Беше нерешено до 5:5, кога Зиданшек го зеде својот сервис, а во решавачкиот момент, кога Ѓорческа сервираше за мечот да оди во тај-брејк, нашата тенисерка ја загуби концентрацијата и силата и го загуби за конечни 5:7 за тенисерката од Словенија.

- Оглас -

Најнови вести