Голема штета: Само два гола фалеа за да добие МИЛИОН и тоа со влог од 40 денари (Фото)

Секој уплатен тикет има посебна приказна, а тикетот од пред една недела во Хром е за неверување. Одиграни се 20 мечеви и сите со иста тактика, а тоа е да има 3+ погодоци. Сите мечеви се од минатата сабота, а на крајот погодени се дури 18, а на два меча имаше по два погодоци.

Тоа значи дека на двата натпревари фалеа само по еден гол за тикетот кој беше уплатен со само 40 денари, да биде добитен на еден МИЛИОН денари.

Два дуели од германскиот фудбал ја спречија радоста за тикетот кој има вкупен коефициент од 26.826 да биде добитен. Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт одиграа 1:1 во Бундеслигата и тоа на меч во кој двата погодоци беа постигнати во првите 30 минути. Тоа значи дека имаше уште 60 минути игра за да биде постигнат посакуваниот трет гол, но тоа не се случи.

Вториот кикс беше на дуелот Падерборн и Мунстер во Цвајте, односно втората германска лига. Домаќините победија со 2:0 и тоа со погодоци постигнати во 81 и 84 минута. За жал на обложувачот, фалеше тој трет погодок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести