Голема штета: Со уплата од минимални 20 денари, му „избегаа“ речиси 8.500 евра

Викендите секогаш се најдинамични и најинтересни за обложувачите. Вчера во Sport Life во Охрид беше уплатен тикет со минимални 20 денари, а многу малку фалеше да се стигне до добивка од речиси 515.000 денари.

На тикетот се наредени 19 натпревари кои се играа вчера, а погодени се дури 17. Најголем дел од натпреварите се одиграни на конечен фикс, но има и некои комбинации на голови.

„Мините“ поради кои тикетот не е добитен се по еден меч од Франција и од Шпанија. Олимпик Лион на домашен терен загуби со 1:2 од Ленс, иако домаќините беа големи фаворити за триумф.

Втората утка е направена на дуелот меѓу Севилја и Леганес. И тука очекувањата биле дека домашниот тим ќе победи, но на крајот резултатот е 2:2. Севилја водеше со 2:1, но Леганес не се предаде и стигна до бод за разочарување на обложувачот кој го уплатил тикетот во Охрид.

- Оглас -

Најнови вести