Изминатиов викенд имаше многу добитни тикети, но и такви ливчиња на кои, стандардно, само за една промашена не се заработени многу пари. Можеби најголема штета е за тикетот уплатен во Куманово во саботата. Обложувачот има одиграно 18 меча и само на 24 денари влог, бруто-добивката изнесуваше 128.242 денари.
Одиграно е на мечеви од европските лиги и погодени се првите 17 кои се играа. Последен дуел на тикетот, но и единствен кој не се играше во Европа, беше средбата меѓу Универзитатеа де Чиле и Депортиво Копијапо.
Играта беше домаќинот да не загуби во меч на кој ќе има барем два погодока. На крајот дуелот заврши 0:0, но интересно е дека двата тима постигнаа по еден погодок и ќе беше 1:1 на крајот доколку „прсти не замешаше“ ВАР-системот.
Најпрво ВАР-системот поништи погодок на домаќините во 42-рата минута поради офсајд, а на почетокот на вториот дел тоа ги снајде и гостите, па откако постигнаа погодок, ВАР-системот го поништи поради недозволена ситуација и на тој начин ја скрати радоста на обложувачот од Куманово.