Кливленд го победи Мемфис со 128:113, но резултатот и играта останаа во втор план и тоа е поради тепачката која се случи на теренот. Играчот на Мемфис, Дилон Брукс беше во напад, но беше сопрен со блокада.
Бекот на Мемфис падна на паркетот, и тоа пред најголемата ѕвезда на Кливленд, Донован Мичел. Изненадувачки, Мичел доби удар директно во меѓуножјето и од ударот падна на паркетот. Играчот на Кливленд веднаш го удри противникот со топката и тргна физички да се пресмета.
Започна тепачка, но, за среќа, брзо реагираа останатите кошаркари на двата тима и ги раздвоија завојуваните играчи.
„Тоа беше подмолен удар, но таков играч е тој. Навикнати сме да го гледаме тоа од него. Сите играчи знаат каков е тој и мора да се заштитиме. Челниците на лигата мора да преземат нешто“, рече Мичел по мечот.