Голема тепачка во НБА лигата, исклучени петмина кошаркари и двајца тренери (Видео)

Во НБА лигата синоќа се сличи невиден хаос и физичка пресметка меѓу кошаркарите на Минесота и Детроит, по што беа исклучени дури пет играчи и двајца тренери.

Инцидентот започна кога Рон Холанд од Детроит направи прекршок над Наз Рид, што доведе до жесток вербален дуел. Ситуацијата дополнително се влоши кога во конфликтот се вмеша Донте Дивинченцо од Минесота, а потоа настана општ хаос со вклучување на сите останати играчи.

Во турканицата кошаркарите завршија дури и на трибините, а во тепачката се вмешаа и двете клупи.

Судиите на крајот успеаја да ја смират ситуацијата и исклучија пет играчи и двајца тренери. Од редовите на Минесота надвор од игра беа испратени Дивинченцо, Рид и помошниот тренер Пабло Приџони, додека кај Детроит исклучени беа Холанд, Исаија Стјуарт и Маркус Сасер, како и главниот тренер Џеј Би Бикерстаф.

Натпреварот заврши со трумф на Минесота тимбервулвс, кои славеа со убедливи 123-104.

- Оглас -

Најнови вести