Голема трагедија: Загина 18-годишниот син на Михаел Балак

Легендарниот германски фудбалер Михаел Балак утрово ја слушна најстрашната вест. Неговиот 18-годишен син Емилијо загинал додека бил на одмор во Португалија.

Според португалските медиуми, Емилијо загинал рано наутро во 2 часот, додека возел од популарните офроуд возила за адреналин.

Полицијата уште не објавува детали за тоа како се случила кобната несреќа. Последните неколку недели, Емилијо на социјалните мрежи објавувал фотографии од одморот во Португалија, каде што неговото семејство има куќа.

 

- Оглас -

Најнови вести