Голема трагедија на „мечот за титулата“ во Турција!

Трабзонспорт со 2:1 славеше на свој терен против Коњаспор во дуел на двете првопласирани екипи во турското првенство. Интернационалецот од Босна и Херцеговина, Един Вишча е херој на Трабзонспор, постигнувајќи ги двата погодоци, по еден во двете полувремиња. На седум минути пред крајот, гостите дадоа почесен погодок.

Со оваа победа, Трабзонспор стигна до 60 бодови од 25 меча, додека Коњаспор остана на втората позиција со 48 бодови и меч помалку.

На стадионот во Трабзон имаше околу 40.000 навивачи, а за еден од нив, ова беше трагичен момент. На еден симпатизен на домаќините, во текот на мечот му се слошило и имал срцев удар.

Лекарите успеале да го однесат несреќниот навивач во болница, но тој не успеал да се спаси и таму починал.

„Нашиот навивач Ејуп Јусуф е одведен во болница откако имал срцев удар, но за жал почина. Изразуваме сочувство на неговото семејство и на нашите навивачи“, стои во соопштението од Трабзон.

Трабзонспор чека на титула во турското првенство уште од 1984 година. Овој клуб досега шест пати бил првак на Турција.

- Оглас -

Најнови вести