Голема трагедија во Германија – Воз прегази 16-годишен хрватски репрезентативец

Голема трагедија се случи во Германија, а настрада 16-годишниот хрватски фудбалски репрезентативец Лука Лучиќ. Момчето возело велосипед во Остфилдерн, место во Баден Виртемберг, кога на него налетал воз.

Играчот на Штутгарт кикерс имал тешки и животозагрозувачки повреди, а бил пренесен веднаш со хеликоптер во болница, но, за жал, таму и починал.

Трагедијата се случила на обележан железнички премин, а според досегашните информации од истрагата, Лучиќ не го забележал возот што доаѓал од спротивната страна.

Лука имаше одиграно три натпревари за Хрватска во младинските категории.

- Оглас -

Најнови вести