16.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Голема загуба за македонскиот ракомет: Почина Илија Темелковски (1953-2025)

Македонскиот ракомет остана без човекот кој го посвети својот живот на овој спорт и беше дел од најголемите успеси како селектор. На 72-годишна возраст почина поранешниот селектор на Македонија, Илија Темелковски.

Ќе остане запаметен по 11-тото место на Светското првенство во Хрватска, но и по полуфиналето на младинското Европско првенство во 2002 и шестата позиција на младинското Светско првенство во Алжир во 2017 година.

Погребот ќе се одржи утре, со почеток во 11:30 часот, на Градските гробишта во Бутел.

- Оглас -

Најнови вести