Големата фудбалска надеж се вплетка со мафијата и сега се плаши за својот живот

Еден од најнадежните фудбалери во Холандија, Мохамед Ихатарен повторно е во проблеми. Ихатарен паузираше речиси една година поради психички и приватни проблеми, но потоа реши да се врати во дресот на Ајакс.

Талентираниот 20-годишен играч почна напорно да тренира и да се врати во форма, но од пред неколку дена, повторно го нема во екипата на холандскиот гигант. Ихатарен го нема поради безбедносни причини. Според пишувањата на „De Telegraaf“, фудбалерот почнал да добива смртни закани од некоја банда и затоа сега се крие.

Причина за целиот проблем е љубовта на Ихатарен и една девојка од неговиот роден град Утрехт. Против оваа љубов било семејството на девојката и тогаш започнале проблемите за фудбалерот. Започнале да му се закануваат, а потоа се вмешале и членови на некоја банда.

Полицијата го истражува случајот, а од Ајакс решиле дека најдобро е во моментов Ихатарен да биде скриен далеку од јавноста.

Мо Ихатарен е дете од школата на ПСВ, а минатото лето направи трансфер во Јувентус. Ајакс во јануари го доведе на позајмица со можност да го откупи неговоиот договор за само два милиони евра.

Младиот фудбалер падна во депресија по смртта на неговиот татко, а ситуацијата не се смени ни откако потпиша за Јувентус и замина во Италија. Старата дама го даде на позајмица во Сампдорија, а Ихатарен воопшто не му се допадна таа средина.

Си замина од Сампдорија, се врати во Холандија и реши да се откаже од фудбалот. Сепак, подоцна се предомисли, почна напорно да тренира и сега сака во Ајакс да ја врати старата форма и да покаже зошто е еден од најнадежните играчи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести