-6.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Големата ѕвезда го изигра Реал Мадрид: имаше сѐ договорено, но реши да потпише за друг клуб

Реал Мадрид има проблеми со дефанзивната линија и фокусот беше ставен на доведување на Дајо Упамекано. Одбранбениот играч има договор со Баерн Минхен до крајот на сезонава, што значи дека во јуни ќе биде слободен играч.

Во една таква ситуација, сите клубови имаат право да контактираат и да преговараат со Упамекано. Шпанските медиуми веќе најавуваа дека францускиот репрезентативец речиси сигурно ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во летниот преоден рок, но сега ситуацијата како да се менува.

Германските медиуми, односно новинарот Флоријан Плетенберг, објави дека Упамекано решил да го продолжи договорот со Баерн Минхен и тоа до летото 2030 или дури и до 2031 година.

Во изминативе четири и пол години, Упамекано за Баерн Минхен одигра 173 натпревари и е еден од главните играчи во дефанзивната линија на германскиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести