14.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Големата ѕвезда се врати во НБА со 10-дневен договор и беше најефикасен, но Лејкерс загубија убедливо (Видео)

Ајзеа Томас се врати во НБА лигата со 10-дневен договор и веднаш на стартот на кам-бекот беше најефикасен кај Лос Анџелес лејкерс со 19 поени и тоа како резерва, но најтрофејниот клуб загуби убедливо од Минесота тимбервулфс.

Томас беше на паркетот нешто над 21 минута и речиси имаше поен по минута во кам-бекот во најсилната лига на светот, а Езерџиите за кои сега игра загубија со 110:92.

https://twitter.com/NBA/status/1472086726059474945?s=20

Своја вечер имаше Демјен Лилард со 43 поени во победата на Портланд против Шарлот со 125:116, а 40-ка забележа Џру Холидеј за Милвоки бакс, но шампионот загуби во драматичен меч со продолжение од Њу Орлеанс со 116:112.

Резултати: Орландо – Мајами 105:115, Атланта – Денвер 115:133, Бостон – Голден стејт 107:111, Њу Орлеанс – Милвоки 116:112 по продолженија, Јута – Сан Антонио 126:128, Минесота – Л.А. Лејкерс 110:92, Портланд – Шарлот 125:116, Сакраменто – мемфис 105:124.

- Оглас -

Најнови вести