Шкендија со новото реми, почна малку да заостанува во трката за титулата, а Македонија Ѓорче Петров и по смената на тренерот реди порази и сега е најсерозен кандидат за испаѓање од Првата македонска фудбалска лига.
На десет кола до крајот на Првата македонска фудбалска лига, дури шест екипи се загрозени од испаѓање во втора лига, а три тима се борат за титулата.
Вардар повторно одигра нерешено на гости со Гостивар како и пред неполн месец, кавадарчани со пресврт ја совладаа Брегалница и сега се четврти заедно со Силекс кој минимално ги победи Лавовите.
Струга и Шкупи со по три постигнати голови славеа во денешните мечеви и го искористија киксот на Шкендија.
РЕЗУЛТАТИ: Гостивар – Вардар 0-0, Шкендија – Воска спорт 0-0, Шкупи – Работнички 3-2, Силекс – Македонија Ѓорче Петров 1-0, Струга – Брера Струмица 3-1, Тиквеш – Брегалница 2-1.
ТАБЕЛА: Струга 48 бодови, Шкупи 47, Шкендија 44, Тиквеш и Силекс по 32, Гостивар 31, Брера и Работнички по 27, Воска 26, Вардар 25, Брегалница 21, Македонија ЃП 18.