Херта и Шалке одиграа без голови во големото дерби од втората германска лига, а натпреварот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин го одбележаа големите навивачки нереди. На трибините имаше 71.157 гледачи, но уште пред да започне дуелот, се случија големи нереди, во кои беа повредени неколку десетици луѓе.
„Дојде до судир меѓу нашите навивачи и полицијата пред влезот на источната трибина. Уште се истражуваат причините за овие нереди“, стои во соопштението на Херта.
17.01.2026🇩🇪Hertha BSC – FC Schalke 04, before riots with 1312, click for more here: https://t.co/B4Et0vS9BY
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/FXnrFRp1rX pic.twitter.com/8v1tVWtZYM— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) January 17, 2026
Поради инцидетот, ултрасите на Херта престанаа да навиваат, а по 15-тина минути од мечот си заминаа од стадионот. Домашните фанови не ги истакнаа своите навивачки реквизити, а во знак на солидарност и гостинските фанови на Шалке, популарните Уге, решија да не истакнуваат свои знамиња.
Од Уге сепак истакнаа една парола и таа беше посветена на неодамна починатиот навивач на Вардар, Никола Јордановски – Чичо Коле. Пораката беше „Брат од првиот час, почивај во мир Чичо Коле“.

За целиот инцидент, свој став истакна и берлинската полиција.
„Уште пред почетокот на натпреварот, имаше насилни напади од одредени навивачки групи врз нашите полицајци на фудбалскиот натпревар во саботата на Олимпискиот стадион. На влезот на стадионот во близина на источната трибина, колегите наводно биле фрлени со заштитни бариери и нападнати со тапи предмети, откако маскирани навивачи ги навредиле. Поради насилството и заканите, бевме принудени да употребиме солзавец за да ги заштитиме службите за итни случаи, како и гледачите кои не се мешаа во инцидентот. Досега се повредени 21 вработен во службите за итни случаи и 31 навивач“, стои во соопштението од берлинската полиција.

