Големи нереди низ цела Франција, загина 14-годишно момче, хаос и во Брисел (Видео)

Едно 14-годишно момче го загуби животот во градот Монпелје за време на инцидентите кои се случуваа во повеќе француски градови по завршувањето на полуфиналниот меч Франција – Мароко.

Според полицијата, момчето било прегазено од автомобил, а по социјалните мрежи се врти една снимка за која се тврди дека е моментот на прегазувањето. Од автомобилот се вее француско знаме кое толпа сака да му го одземе, па за да го спречи тоа, возачот вози неконтролирано без да води сметка кој му стои на патот.

https://twitter.com/i/status/1603162276315398146

Французите славеа, Мароканците кои живеат во Франција беа лути и се судрија со полицијата некаде и со славениците, па хаосот предизвика дури и една смрт, а само во Париз приведени се приближно 200 лица.

Мароканците дивееја и низ белгиската престолнина Брисел, па полицијата употреби водени топови и солзавец.

- Оглас -

Најнови вести