Големи проблеми за Њукасл – Се повреди најдобриот играч

По катастрофалниот прв дел од сезоната, проектот на богатите сопственици на Њукасл конечно почнува да проработува.

Тимот беше на самото дно во декември, а сега има 21 бод, односно четири повеќе од местото коешто носи во понизок ранг.

Вчерашната победа над Астон вила од 1:0 беше благодарение на одличниот гол на Киран Трипие, но Чавките скапо ќе ја платат.

Токму Трипие, којшто зимава дојде од Атлетико Мадрид за 20 милиони евра и се истакна како еден од најдобрите играчи, се здоби со повреда на десната нога, по што ќе мора да паузира неколку недели.

„Киран ќе има неколку тестирања во наредните денови, по што ќе утврдиме за колку време ќе се врати назад на терените“, стои во соопштението на Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести