41.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Големи промени на „Олд трафорд“: Дали е ова чекор за враќање на старата слава?

Манчестер јунајтед има нов извршен директор, и тоа човек кој учествуваше во најголемите успеси на Барселона и Манчестер сити. „Црвени ѓаволи“ го ангажираа Омар Берада, кој претходните девет години работеше за градскиот ривал Сити, а претходно и за Барселона. Од него се очекува позитивните резултати и трофеите кои ги освојуваше со претходните екипи, да ги освојува и на „Олд трафорд“.

– „Клубот е решен да ги врати фудбалот и играта на теренот во срцето на сè што правиме, а назначувањето на Омар го претставува првиот чекор на тоа патување. Како еден од најискусните фудбалски функционери во врвот на европскиот фудбал, Омар носи богатство на фудбалска и комерцијална експертиза, со докажано искуство за успешно лидерство и страст да помогне да се поттикнат промените.“ – се вели во соопштението на Манчестер јунајтед за ангажманот на шпанецот.

- Оглас -

Најнови вести