Големи ривали се, но ситуацијата е опасна – Барса и Реал ќе имаат уникатно возење пред Ел Класико

Барселона и Реал Мадрид се големи ривали. Ел Класико оддамна е најголемото дерби на светот на два тима што не се од ист град, но поради опасноста пред утрешната пресметка на „Камп ноу“, двете екипи ќе имаат заедничко возење до стадионот на Каталонците.

Имаше закани за безбедноста, особено за експедицијата на Реал Мадрид поради комплицираната ситуација во Каталонија и одлучено е двете екипи да бидат во ист хотел и заедно со два посебни автобуси ќе патуваат до „Камп ноу“. Уникатно возење што ќе се случи сега и веројатно никогаш повеќе, но е мудра одлука за да се спречи каков било инцидент.

Во Каталонија и во Барселона се протестира, а имаше и закани пред новото Ел Класико, па мечот беше одложен и презакажан за утре. Ќе се игра од 20 часот и победникот ќе биде лидер во Ла Лига и веројатно е есенски шампион во Шпанија.

Моментно Барселона и Реал Мадрид се израмнети по бројот на бодови, имаат по 35, четири повеќе од Севилја, но и утрешниот меч за доигрување, по што ќе се комплетираат 17 кола во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести