Кристијано Роналдо уште еднаш потврди зошто е вистински лидер во репрезентацијата на Португалија. Капитенот на Португалија имаше шанса да даде гол на почетокот на второто полувреме. Излезе сам пред голманот на Турција и кога сите мислеа дека Роналдо ќе шутира, голгетерот изненадувачки асистираше до Бруно Фернандеш кој беше буквално сам пред голот.
Полесниот дел од задачата остана за Фернандеш кој погоди за 3:0. Интересно е дека Роналдо ако решеше сам да завршува и ако постигнеше гол, ќе се запишеше во историјата на ЕП како најстар стрелец на сите времиња.
Сепак и со асистенцијата Роналдо се впиша во историјата. Тоа беше негово седмо додавање за гол и стана најдобриот асистент во историјата на континенталното натпреварување.