Тијаго Алмада, големата надеж на аргентинскиот фудбал, е обвинет за сексуално злоставување заедно со соиграчот од Велес Сарсфилд, 24-годишниот Мигел Бризуела.
Двајцата фудбалери ѝ наштетиле на 28-годишна девојка на една забава во Буенос Аирес која била организирана од нивен соиграч кон крајот на ноември минатата година. Аргентинскиот суд го истражувал случајот повеќе од два месеци, по што е донесена одлука против членовите на Велес.
Девојката сведочеше дека била во соба со Алмада, а набрзо потоа влегол и Бризуела. Иако таа инсистирала постариот играч да замине, тој останал и против нејзина волја ја искористиле.
Алмада има 19 години и е високо ценет од страна на повеќе европски гиганти, но овие оптужби речиси сигурно ќе му наштетат на кариерата. Што се однесува за Бризуела, нему не му е првпат да биде обвинет за насилство кон жена. Во јуни минатата година беше обвинет од страна на неговата девојка за физички напад.