Андриј Шевченко е многу блиску да го превземе кормилото на Џеноваи да му биде тренер на Горан Пандев. Таква најава доаѓа од Италија, што би значело и крај за Давиде Балардини.
Популарниот Шева треба да биде шок терапијата за Пандев и компанија, кои тонат во неуспеси со Џенова, клуб што нема победа во Серија А од септември, или на девет меча по ред.
Вчера Џенова успеа да избегне пораз против Емполи со гол во 89. минута, но и шесттото реми на последните 9 меча, гарнирани со три порази веројатно нема да го спаси Балардини од отказ.
Шевченко според медиумите во Италија веќе е во преговори со Џенова, откако на певи август си поднесе оставка на позицијата селектор на Украина.
Интересно е што на ЕП што се одигра летово, Пандев и Шевченко имаа срдечна средба пред мечот меѓу Украина и Македонија, а поуспешен беше популарниот Шева.
Имаат и играно доста мечеви меѓусебе во Серија А, сега веројатно за првпат ќе бидат на истата страна во обид да се спаси од испаѓање најстариот калчолигаш во Италија.