Големиот Федерер првпат заигра после 405 дена и победи

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вечерва се врати на тениските терени на АТП турнир за првпат после 405 дена пауза, и во Доха успеа да го победи Ден Еванс со 7-6, 3-6, 7-5. Федерер во претходните 13 месеци имаше две операции на колената.

Федерер кој има рекордни 20 грен-слем титули во кариерата, дојде на 31 победа од рекордот на Џими Конорс по број на победи на официјални мечеви. Шестиот на светската ранг листа, Федерер, и Еванс добро се познаваат бидејќи тренираат заедно, а паузата не оставила преголема трага врз Швајцарецот, па успеа ја победи против 28-миот на АТП листата. Ако е за утеха, Еванс првпат освои сет против Федерер, а ова им беше четврти меѓусебен дуел.

Во следното коло, 39-годишниот Федерер игра со Басилашвили.

- Оглас -

Најнови вести