Големиот Карлос Тевес: Останува во Бока, целата плата ќе ја донира

Карлос Тевес потврди дека ја продолжи соработката со Бока јуниорс до крајот на 2020 година, а со неговиот хуман потег ја покажа човечката величина покрај тоа што е одличен фудбалер.

Тевес ќе донира 100% од својата плата во хуманитарни цели и организации кои се приклучени во борбата против корона-вирусот.

„Парите од договорот не ми се потребни. Ќе донирам 100% од своите примања до крајот на сезоната. Уште не сум одлучил каде ќе одат парите и за што ќе се применат, но сакам овие услови да бидат вклучени во договорот“, истакна Тевес.

Популарниот Апаче иако има 36 години уште не размислува да ја заврши кариерата, туку е подготвен за уште еден голем трансфер, односно сензационален камбек во Премиер лигата доколку му се укаже прилика. Ексголгетерот на Манчестер јунајтед и Сити, сака уште еднаш да го облече дресот на Вест хем, клубот кој му ги отвори вратите во англискиот фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести