Големиот пресврт се случи пред триумфот над Сасуоло – Пиоли во Милан до 2022 година

Од таборот на Милан потврдија дека се откажуваат од Ралф Рангник и воедно ја продолжија соработката со Стефано Пиоли до јуни 2022 година. Продолжувањето на договорот со италијанскиот стратег се случи непосредно пред вчерашната победа на Росонерите против Сасуоло од 2-1.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека постигнавме договор со Стефано Пиоли околу продолжување на соработката до јуни 2022 година. Оваа одлука не се должи на резултатите од изминатиот период туку поради тоа што Пиоли успеа да ја пренесе нашата визија во екипата и создаде позитивна работна атмосфера во соблекувалната, добрите резултати се производ од сето тоа“, стои во соопштението на седумкратниот европски првак.

Пиоли ја презеде клупата на Милан во октомври минатата година и првично беше најавен како привремено решение по отказот на Марко Џампаоло, но со текот на настаните 54-годишниот стратег успеа да ја добие довербата на раководството. Во преговорите со Рангник, Милан дојде до пречка да го реализира ангажманот бидејќи „Ред бул“ бараше отштета од осум милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести