Новак Ѓоковиќ направи уште еден чекор кон тениската бесмртност, го освои својот 100-ти турнир во кариерата.
Иако беше голем фаворит за титулата во Женева, не му беше лесно во денешното финале против Хуберт Хуркач. Полјакот имаше шанса да победи, го доби вториот сет, а во третиот водеше со 4-2, но по којзнае кој пат се покажа дека против Србинот е најтешко да му се зададе финалниот удар. Новак не сакаше да ја испушти приликата да го освои пехарот и успеа да направи пресврт.
Ѓоковиќ е третиот тенисер во историјата со троцифрен број на титули. Повеќе од него имаат само Џими Конорс (109) и Роџер Федедер (103). Оваа победа многу ќе му значи за самодовербата пред „Ролан Гарос“ кој истотака се игра на земјена подлога и на кој ќе проба да ја освои рекордната 25-та гренслем титула.