10.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Големиот талент Александар Грашески промовиран во дресот на Динамо Загреб

Еден од најголемите македонски фудбалски таленти и репрезентативец до 19 години, Александар Грашески, и официјално го потпиша својот прв стипендиски договор со Динамо Загреб.

Грашески, кој има само 17 години, веќе една година е дел од најтрофејниот хрватски клуб, сега го потпишува и својот прв официјален договор со екипата од „Максимир“.

Офанзивнот играч од средниот ред одреден период беше надвор од теренот поради повреда, но сега е подготвен да продолжи да го покажува својот раскошен талент.

Грашески во Динамо Загреб замина од тимот на Њу Старс, а претходно беше дел од младинската школа на Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести