Големиот унгарски талент од австрискиот се сели во германскиот Ред бул

Доминик Собозлаи, големиот унгарски талент, кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг, известуваат повеќе германски медиуми. Младата ѕвезда на Салцбруг одлучи да продолжи со развивањето меѓу германските Црвени бикови и тренерот Џулијан Нагелсман, кој е познат по тоа што им дава доверба на млади талентирани фудбалери.

Лајпциг во првиот ден од новата 2021 година ќе ја активира клаузулата од 25 милиони евра, триумфирајќи во трката за потписот на Слобозлаи пред Реал Мадрид, Арсенал, ПСЖ и европскиот првак Баерн Минхен. Собозлаи исто така ќе може да биде регистриран за нокаут фазата од Лигата на шампионите, што е голем плус за бундеслигашот.

Во дресот на Салцбург, оваа сезона Собозлаи запиша вкупно 19 настапи, во кои забележа осум погодоци и девет асистенции во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести