Големите адути на ПСЖ закрепнаа токму за гостувањето на Манчестер сити

Повредените играчи во тимот на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, Ашраф Хакими и Маркињос, тренираа со тимот денеска, два дена пред гостувањето на Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Поради вирус, Дембеле ги пропушти последните два натпревари на ПСЖ. Хакими исто така беше поштеден во последните две средби.


„Ништо сериозно, не сакавме да преземаме ризици“, објасни тренерот Луис Енрике.

Капитенот Маркињос ги пропушти последните три натпревари поради проблем со мускулот.

Дуелот со Манчестер сити е многу важен за францускиот шампион, кој се наоѓа на 25-тото место од 36-те екипи во Лигата на шампионите и сè уште нема обезбедено пласман во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести