Големите дерби-дуели во Италија и Германија се во фокусот

Новото 27-мо коло на Спортска прогноза започна денеска, а и овојпат има 13 интересни меча од најатрактивните лиги кои ќе бидат предизвик за сите прогнозери. Од понудените дуели на кои треба да се најде вистинскиот „фикс“, посебно во фокусот ќе бидат две пресметки.

Во Бундеслигата се игра големото германско дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Дуелот се игра на „Алијанц арена“, каде што Баерн сезонава во првенството има биланс од 12 победи, само едно реми и еден пораз. Борусија Дортмунд е во позиција да мора да брка освојување бодови за да остане во трка за позициите кои водат излез во Европа.

Во италијанската Серија А се игра големото римско дерби. Лацио ќе ја има улогата на домаќин против Рома на „Олимпико“. Моментално Лацио е шести на табелата со 55 бода, а Рома е веднаш зад него со 53 бода, што само дополнително потврдува колку значаен дуел е ова за двете екипи.

Освен овие два дерби-дуела, во понудата има уште 11 меча на коишто мора да се најде вистинскиот знак од „1Х2“. Како во секое коло, така и сега предизвик за сите прогнозери е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат сите 13 фикса. Прогнозерот кој тоа ќе го направи, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).

Со 12 погодени фиксови се добива ваучер во Sport Life од 1.000 денари, а 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести