Големите дербија ги поделија прогнозерите, за останатите парови има јасни фаворити

Утрешниот ден, сабота, во 15.30 часот, е последниот термин до кој може да се вклучите во атрактивното 23-то коло сезонава на Спортска прогноза и да бидете во игра за некоја од наградите кои ги нуди Sport Life.

Во ова коло има три големи дербија, а според досегашните проценти на прогнозерите кои веќе се изјасниле, токму кај овие три меча има најголема поделеност, додека кај другите десет меча, мнозинството си има фаворити и кај тие 10 пара барем 50 отсто типувале за победа на некој тим.

Сите три дербија се играат в недела. За римската пресметка меѓу Лацио и Рома, засега најмногу прогнозери се за нерешено, а во победа на Лацио веруваат двојно повеќе играчи отколку за триумф на Волчицата.

За Дербито на Италија помеѓу Интер и Јувентус засега 45 отсто се за кец, 13 проценти помалку се за икс, а во победа на Јуве веруваат малку повеќе од една петтина од прогнозерите.

„Шлаг на тортата“ е шпанското Ел Класико, во кое Барселона го пречекува Реал Мадрид. Од оние што досега типувале, најмалку се за реми, а малку повеќе им даваат предност на домашните отколку на гостите.

Главната мисија е погодени 13 фикса од основната понуда. Прогнозерот со погодени 13 натпревари одбира еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). За 12 погодени натпревари се добива ваучер од 1.000 денари, а 11-ка носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести