Големите ривали му го честитаа успехот на Алкалоид

Македонскиот ракометен клуб Алкалоид од Скопје испиша историја, обезбедувајќи го најголемиот успех досега – прво европско финале за клубот.

Во својата втора сезона на меѓународната сцена, избраниците на Кирил Лазаров ја израдуваа македонската јавност. Големиот успех на Алкалоид беше поздравен и од најголемите домашни ривали, Еурофарм Пелистер и Вардар, како и од Ракометната федерација на Македонија.

„Се радуваме на секој успех на македонските клубови во Европа и сме горди што Алкалоид го имаме за градски ривал. Ви посакуваме многу успех во финалето на Европскиот Куп“, напишаа од Вардар.

„Честитки до тимот на Алкалоид за пласманот во финалето на ЕХФ Купот“, порачаа од Пелистер.

„Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки до РК Алкалоид за пласманот во финалето на Европскиот Куп. Им посакуваме многу среќа и успех во завршницата“, се вели во честитката од РФМ.

Алкалоид во финалето ќе се соочи со грчки АЕК. Првиот меч ќе се одигра во Скопје, додека реваншот е закажан за Атина.

- Оглас -

Најнови вести