23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Големо изненадување ни приредија Романците на еден час пред мечот (Видео)

Романскиот селектор Мирел Радои доби дозвола да седи на клупата, откако имаше втор негативен тест на коронавирус, и тој ќе го води романскиот национален тим против Македонија. Радои изјави дека се чувствува добро и дека не сакал да ја пропушти победата.

Радои за кого се очекуваше да не ја води Романија на овие три меча во март, изненади и со изборот на својот почетен состав. Ги изостави фудбалерите со славни презимиња, Хаџи и Пушкаш, па тие ќе чекаат шанса да влезат подоцна.

Романија тргнува со: Ница, Попески, Кирикеш, Бурка, Банку, Марин, Станчиу, Ман, Танасе, Коман, и Кешеру. На Клупа се Раду, Пушкаш, Хаџи…

Ова е моментот кога Радои влезе во соблекувалната и ги изненади играчите:

 

- Оглас -

Најнови вести