20.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

Големо изненадување во почетните 11 на Англија

Суспензијата на Марк Гуехи го примора селекторот на Англија, Герет Саутгејт, да уфрли нов играч во одбраната за дуелот со Швајцарија.

Одлуката на Саутгејт е стартер да биде Езри Конса од Астон Вила, кој ќе формира стоперско трио заедно со Кајл Вокер и Џон Стоунс.

Конса за Англија дебитираше во март, па стартерско место во четвртфинале на Европско првенство е голем предизвик за него. Тој на ЕВРО 2024 досега играше само против Словачка и тоа во завршните 15 минути.

- Оглас -

Најнови вести