Големо лондонско дерби е главен предизвик во новото коло на Спортска прогноза

Отворено е типувањето за 13-тото коло сезонава на Спортска прогноза, а меѓу 13-те пара кои треба да се погодат за да добиете премијата и сами да си одберете подарок кој го сакате, најинтересен е оној во Лондон, каде што во градско дерби ќе се сретнат Тотенхем и Челзи.

Интересни и предизвикувачки мечеви има и в сабота. Меѓу другите, ќе треба да ги предвидите исходите на дуелите на двете Борусии, меч кој се игра во Менхенгладбах, како и гостувањето на Рајо Валјекано кај Валенсија, дуел кој ќе биде посебен за македонскиот голман Столе Димитриевски како легенда и рекордер на Рајо, а сега е кај Лилјаците.

Типувањето трае до сабота во 15 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, а тоа е Џенова – Торино. Дерби има и за крај на колото, во Неапол кај Наполи гостува Лацио.

Прогнозерот со 13 погодени натпревари може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а 11-ка вреди ваучер од 500 денари.

Не чекајте, прогнозирајте!

- Оглас -

Најнови вести