Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, е прогласен за играч на натпреварот помеѓу Салцбург и Динамо Загреб, кој им припадна на гостите со 0-2. Нашиот фудбалер ова признание го заслужи со двете асистенции, едната за Куленовиќ, а втората за Петковиќ.
„Прекрасно е чувството, горд сум, ова беше голема ноќ за нас. Заслужено победивме. Убава атмосфера. Сакавме да победиме, имавме голема желба. Исполнивме сè што се договоривме. Ги спречивме нивните контри и одигравме врвен фудбал. Сигурно дека победата ќе донесе самодоверба. Сакаме да направиме и повеќе од ова“, рече Стефан Ристовски по натпреварот со Салцбург.