Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Филип Деспотовски, доби големо признание од неговиот екс клуб, Ворскла Полтава. Популарниот Деспот во тимот од Украина настапуваше од 2008-мата до 2010-тата година, но очигледно со неговите игри остави силен впечаток во Полтава.
Деспотовски се најде во идеалната постава на сите времиња на Ворскла, како еден од најдобрите странци кои го носел дресот на клубот од Полтава.
Филип Деспотовски за репрезентацијата на Македонија има одиграно 18 натпревари, а во клупската кариера, освен за Ворска, настапуваше и за нашите Цементарница, Напредок, Вардар, Работнички, Тетекс, Академија Пандев, Гостивар, но и за Љуботен во текот на оваа сезона. Интернационална кариера градеше во српските ОФК Београд, Бежанија и Мачва, грчките Етникос Пиреја и Пиерикос, како и Баку од Азербејџан.
Во есенскиот дел од оваа сезона од клупата го предводеше и тетовскиот второлигаш, Тетекс.