Големо враќање на Анри, неговата цел е златото

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Тјери Анри повторно се враќа во фудбалот и тоа на познато место. Анри е вратен во стручниот штаб во репрезентацијата на Белгија и тоа како засилување во пресрет на Европското првенство кое се игра за 10-тина дена.

Анри беше дел од стручниот штаб на Роберто Мартинез во периодот од 2016 и 2018 година, кога помогна во историскиот успех на Белгија, а тоа е пласманот на третото место на Светското првенство во Русија. По завршување на Мундијалот, Анри започна самостојна тренерска кариера, но не се прослави во Монако. Потоа замина „преку барата“ и го предводеше тимот на Монтреал, но пред неколку месеци реши да си замине за да може да се врати во Лондон каде што живее неговото семејство.

Селекторот на Белгија, Мартинез реши да го повика Анри, а Французинот прифати да биде дел од стручниот штаб. Според коефициентите, Белгија е еден од главните фаворити за освојување на титулата европси првак. Тие се наоѓаат во група со Русија, Финска и Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести