Ник Калатес е нов кошаркар на Партизан, официјално соопшти шампионот на Србија.
Последните неколку дена се најавуваше ваков потег, а денес искусниот грчки плејмејкер и официјално стана нов член на Црно-белите. Во продолжението на сезоната ќе биде уште една опција во организацијата на играта на тимот на тренерот Жељко Обрадовиќ, со кого своевремено соработуваше и ја освои Евролигата во 2011 година во дресот на Панатинаикос.
Калатес има 36 години и е вистински евролигашки ветеран. Кариерата ја започна во Панатинаикос, потоа играше за Локомотив Кубан, настапуваше и за Мемфис во НБА, а потоа повторно се врати во ПАО.
По новата епизода во дресот на Зелените од Атина, неговиот пат го одведе во Барселона и Фенербахче, а минатата сезона Калатес ја мина во Монако.
Со Кнезовите ја започна и оваа сезона, но не ја уживаше целосната доверба на тренерот и сонародник Василис Спанулис, па одлучи среќата да ја побара во Партизан.
За Црно-белите нов плејмејкер беше неопходен по повредата на главниот организатор на играта, Карлик Џонс, а Калатес со своето големо искуство би можел да донесе стабилност во играта на тимот на Обрадовиќ.
Doskorašnji igrač Monaka. Bivši košarkaš Panatanaikosa i Fenerbahčea, Nik Kalates, novo je pojačanje Partizana Mozzart Bet!
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) October 29, 2025
Welcome Nick!⚫️⚪️#KKPartizan pic.twitter.com/yx6JMsG2vT

