Големо засилување за Работнички во последен миг: Валон Ахмеди доаѓа во Дебар Маало

Македонскиот прволигаш Работнички обезбеди значајно засилување пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во Првата лига. Нов член на тимот е 30-годишниот Валон Ахмеди, кој пристигнува како слободен агент.

Ахмеди е офанзивен играч за врска со способност да настапува и на крилните позиции. Во својата кариера има играно за Судтирол, Целје, Марибор, Кирјат Шмона, Интер Запрешиќ, Шкендија и Шахтер Солигорск.

Неговото пристигнување може да биде клучно засилување за Работнички во борбата за шампионската титула и пласман во европските натпреварувања.

Оваа зима „романтичарите“ ги продадоа Али Регба во Марибор и Атдхе Мазари во Вараждин, но се засилија со Анес Рушевиќ и Валон Ахмеди во офанзивната линија. Покрај тоа, екипата ја зајакнаа Миле Тодоров во средниот ред и Медин Бајрами во одбраната, а од позајмица се врати младинскиот репрезентативец Матеј Ангелов.

- Оглас -

Најнови вести