Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски одигра маестрално во нападот на Еурофарм Пелистер против ПИК Сегед, погодуваше секогаш кога тимот беше во криза и го враќаше, па се најде во тимот на колото во Лигата на шампионите.
Жаре даде седум гола од 7 шута, и заслужено се најде во идеалниот тим, во друштво на Матијас Гидсел како најдобар десен бек, потоа Начо Биоска, Бјарки Мар Елисон, Мартим Коста, Тобијас Грендал, Алеиш Гомез и Макс Дарј.

