Новото 23-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи натпревари од петте најсилни европски лиги, каде што најинтересен е мечот меѓу двете првопласирани екипи во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Манчестер сити.
Ливерпул по 27 кола е лидер во Премиер лигата со 63 бода, додека шампионот Манчестер сити има само бод помалку и заедно со Арсенал (61 бод) до последното коло ќе ја водат битката за титулата.
Засега според прогнозерите, дербито мириса на нула. Дури 41,54 отсто сметаат дека нема да има победник на неделното дерби, 32,93 отсто му веруваат на Манчестер сити, додека 25,42 отсто се убедени дека Ливерпул ќе ги освои бодовите.
За разликата од големото дерби, прогнозерите имаат фаворити на поголем дел од останатите натпревари, 85,47 отсто се убедени во победа на Валенсија над Хетафе, 80,99 отсто во триумф на Сасуоло над Фрозиноне, а големи се процентите и на победи на Мец над Клермон (76,27 отсто), на Ланс над Брест (75,67 отсто), на Олимпик Лион над Лориен (65,98 отсто), на Џенова над Монца (66,22 отсто).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.