Големото дерби на Пиринеите беше досадно – Шпанија и Португалија се загреваа за ЕП без голови

Шпанија и Португалија одиграа скромен меч, со малку шанси и без голови на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, како загревање пред настапот на Европското првенство.

Двете селекции се меѓу топ фаворитите за шампионската круна, Португалија и ќе ја брани титулата, но вечерва и тие и Шпанците не прикажаа премногу.

Најубавата шанса ја имаше Алваро Мората во последните моменти, кога ја погоди пречката во ситуација кога беше сам пред Руи Патрисио.

Секако се работи и за пријателски меч, па можеби и се чуваат главните карти за главниот настан, Европското првенство што ќе почне на 11. јуни и ќе се игра до 11. јули.

Шпанија ќе го има последниот тест пред настапот на ЕП, на 8. јуни против Литванија во Леганес, а Португалија ќе игра ден подоцна против Израел на „Жозе Алваладе“ во Лисабон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести