Големото дерби во Англија без голови, Ливерпул е лидер во Премиерлигата

Манчестер јунајтед и Ливерпул одиграа скромна фудбалска претстава без многу шанси и без голови, па сега по 27 одиграни натпревари лидер повторно е тимот од „Енфилд Роуд“.

Големото дерби на двете екипи што имаат најмногу титули, вкупно 38, или Манчестер 20, а Ливерпул 18 не донесе квалитетен фудбал.

Повеќе се мислеше на тактика, отколку на противничките голови, па Де Хеа и Алисон и немаа премногу работа и ги сочуваа мрежите.

Ливерпул со ремито се врати на врвот на табелата со 66 бодови, еден повеќе од актуелниот првак и најголем ривал за титулата, Манчестер сити.

Јунајтед со 52 бода падна на петтото место, сега зад Арсенал кој има 53 и триото на врвот, Тотенхем со 60, Манчестер сити со 65 и Ливерпул со 66.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести