Спртската прогноза стигна и до своето 20 коло за оваа сезона. Нови 13 фудбалски мечеви кои ќе бидат предизвик да се погодат фиксовите и да се стигне до Среќна 13-ка, односно освојување на главната премија Ајфон 12.
Подароци има и за оние кои ќе погодат 12 или 11 парови. За нив следуваат вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари во Sport Life. Новото коло нуди интересни мечеви, а секако во фокусот ќе биде големото дерби во Италија меѓу Милан и Јувентус.
Росонерите синоќа шокантно загубија дома од Специја во меч кој има неверојатна завршница, па сега сигурно ќе сакаат да се поправат во дуелот со големиот ривал. Јувентус полека влегува во добра форма и се приближува кон Топ 4 на табелата.
Освен дербито во Италија, во понудата има уште 12 интересни натпревари, кои ќе бидат превизвик да се погодат. Затоа, не чекајте и прогнозирајте.