Големото мадридско дерби „светка“ во новото коло на Спортската прогноза

Вторник е денот кога почнува новото коло на популарната бесплатна Спортска прогноза. Овој викенд фокусот е на дербито кое се игра на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, но има уште неколку интересни натпревари кои го привлекуваат вниманието.

Во основната 13-ка се наоѓа и мечот меѓу Торино, новиот клуб на Елиф Елмас, и Џенова, а во Бундеслигата за издвојување е пресметката меѓу Борусија Дортмунд и Штутгарт.

Прв меч во понудата е Селта – Бетис, кој се игра в сабота, од 14 часот, и тоа е крајниот термин до којшто може да се типува.

В недела се играат три интересни меча на коишто треба да го погодите конечниот исход, и тоа: Алавес – Хетафе, Холштајн Кил – Бохум, Астон вила – Тотенхем.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести