Убавата и најчесто сончева Флорида знае да биде незгодна од метеоролошка гледна точка, тоа се потврди и денеска, додека играчите на Бенфика и Окленд сити беа во соблекувална на 15-минутна пауза помеѓу двете полувремиња, започна големо невреме во Орландо, па средбата од Светското клупско првенство е во прекин.
Апсолутниот фаворит води само со 1-0 по првото полувреме, во кое временските услови дозволуваа да се игра, а имаше и редовна пауза за хидратација и пиење вода. Сега има многу вода и на терен од силниот дожд.