12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Големото саудиско дерби испадна меч на денот, од 0-3 во 78-ма минута до 3-3 на крај (Видео)

Во натпреварот од третото коло од фудбалското првенство на Саудиска Арабија, вечерва во Џеда, Ал-Ахли и Ал-Хилал одиграа нерешено 3-3. Гостите водеа со 3-0 до 78-ма минута, но домашните се извлекоа и покажаа зошто се азиски прваци. 

Тео Ернандез го отвори резултатот во 12-тата минута. Потоа Малком даде два гола до крајот на првото полувреме и Ал-Хилал беше на прагот на победа.

Пресвртот го најави Иван Тони со голови во 78-ма и 87-ма минута, а голот за реми беше дело на Мерих Демирал во 91-ва минута.

- Оглас -

Најнови вести