Кошаркарот на Далас маверикс Лука Дончиќ преку својата хуманитарна фондација се вклучи да даде помош за оние кои се најдоа во најпогодените подрачја од поплавите во Словенија. Во последните неколку дена во Словенија владее невреме, во кое загинаа неколку луѓе, а е направена и голема материјана штета.
Дончиќ е меѓу првите кои се јави да помогне на своите настрадани сонародници и преку својата фондација стапи во контакт со локалните самоуправи кои ќе ги добијат потребните средства.
„Фондацијата Лука Дончиќ е шокирана од катастрофалните поплави кои направија голем хаос во Словенија. Уништени се куќи, загинаа луѓе. Во контакт сме со локалните власти за да им ја дадеме потребната помош. Најмногу им се заблагодаруваме на пожарникарите и спасителите кои се на терен и на сите оние кои доброволно се пријавија да помогнат, ризикувајќи си го својот живот, само да за помогнат на оние на кои сега им е најпотребна помош. Ќе направиме се за да им помогнеме на тие на кои помошта им е најпотребна“, стои во дел од пораката на фондацијата Лука Дончиќ.