14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Голгетерот го напушти Интер за да му се приклучи на некогашниот европски првак

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчес спогодбено го раскина договорот со Интер и како слободен играч се договори во новата сезона да го носи дресот на Олимпик Марсеј, пренесуваат инталијанските медиуми.

Санчес во Интер помина три сезони, во кои одигра вкупно 109 меча и постигна 20 погодоци. Некогашниот европски првак Олимпик Марсеј се согласил да потпише со напаѓачот до 2024 година.

„Сакаме од срце да му се заблагодариме на Алексис за трите сезони во кои со Нераѕурите освои три големи признанија. Му посакуваме сè најдобро во иднина“, стои во пораката од Интер.

Санчес во кариерата настапувал за многу големи и прославени екипи, како што се Коло-Коло, Ривер плејт, Барселона, Арсенал и Манчестер јунајтед, а бил дел и од екипата на Удинезе, додека кариерата ја започнал во Кобрелоа.

- Оглас -

Најнови вести